Пол трет кошаркар со 12 илјади асистенции во историјата на НБА

Плејмејкерот на Сан Антонио, Крис Пол стана третиот играч во историјата на НБА-лигата со 12.000 асистенции во кариерата.

Пол до оваа достигнување дојде за време на поразот од Лејкерс, ноќеска со 115120 во петокот.

Претходно во историјата на најсилната кошаркарска лига на светот, Џон Стоктон стигна 15.806 асистенции, додека Џејсон Кид застана на 12.091.

-Се сеќавам дека првиот пат кога играв во Јута, погледнав во арената и видов дека Џон Стоктон е лидер на сите времиња во асистенции и украдени топки. Тогаш помислив: Ќе го стигнам. Ова се покажа како невистинито. Но, да се биде втор по Џон Стоктон е прилично кул, рече Пол по натпреварот.

Триесет и деветгодишниот кошаркар го заврши натпреварот со Лејкерс со 11 поени, 11 асистенции и две украдени топки

Back to top button
Close