Полицијата делеше маски во Струмица, но пишуваше и казни

– На подрачјето на СВР-Струмица досега се евидентирани над 800 прекршувања на владината уредба која предвидува носење заштитна маска. Најголем дел од прекршоците се регистрирани на територијата на Струмица, потоа во Гевгелија, Радовиш и Валандово, информираа од овој сектор.

И денеска Отсекот за превенција при СВР-Струмица и волонтери на Црвениот крст делеа маски на граѓаните и укажуваа на почитување на препораките од Владата за заштита и превенција од Ковид-19, а полицијата изрече казни на повеќе граѓани кои не се придржуваа до уредбата за задолжително носење заштитина маска.

– Целта на денешната активност е да се подигне свеста кај граѓаните околу почитувањето на донесените уредби, односно носење на заштитна опрема. Ваквата превентивна активност ќе се спроведува и во наредниот период. Апелираме до граѓаните да ги почитуваат ваквите донесени одлуки и да си носат заштитна опрема,рече самостојниот инспектор за превенција Оливер Ристов.

Превентивната активност на полицијата се реализираше на повеќе локации во градот на кои има голема фреквенција на граѓани.

Back to top button
Close