Полицијата во Гостиварско уапси надрилекар од Турција


Полициски службеници од ОВР Гостивар, вчера во гостиварско Врапчиште, го лишиле од слобода М. Ч. (33) од Турција.

Како што соопшти МВР, при претрес во куќа, во содејство со Државниот санитарен и здравствен инспекторат, која приведениот ја користел како ординација за надрилекарство, извршен со судска наредба, биле пронајдени и одземени поголема количина таблети, медицинска документација, пари и други предмети.

„Лицето било задржано во полициска станица и по расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде изготвен соодветен поднесок“, информираат од МВР.

Back to top button
Close