Полициски службеници вршат претреси кај тројца колеги – оддавале службени тајни

Полицијата денеска извршува претреси во домовите, на работните места и автомобилите на тројца полициски службеници поради сомнение за оддавање службења тајна. Се работи за случај на висока корупција поврзан со тендер за ископ на јаглен во РЕК „Битола“ кој бил пријавен во МВР

-Полициски службеници од Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал, Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди и Секторот за компјутерски криминал и дигитална форензика во координација со Јавното обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција постапуваа по наредби од судија на претходна постапка од Основен кривичен суд Скопје за претрес на работните места, домови и превозни средства кај тројца полициски службеници, поради сомнение за сторени кривични дела „оддавање службена тајна“ по член 360, „злоупотреба на државна, службена или воена тајна“ по член 360а и „злоупотреба на службена положба и овластување“ по член 353 од КЗ, велат од МВР.

Извршени се и службени разговори со полициските службеници и се преземаат дополнителни мерки и активности за расчистување на случајот.

Back to top button
Close