Политички “рафал” на Ахмети!

“Промајата” на Ахмети не ги фати во “грч” само Заев и Мицкоски, та уште еднашка ја истакна поделеноста по етнички лини, за која по промоцијата на владината програма “Едно општество за сите!”, помислевме дека и припаѓа на минатото. За да се оствари ова идеја, треба широк консензус внатре-албанскиот политички кампус, бидејќи македонскиот блок по се изгледа изненаден од овој политички “рафал” на Ахмети, изрази доза на резерва
Македонија до сега имало десет Прeмиери! Со исклучок на премиерот на првата експертска Влада во 1991 година, сите влади бе формирани од мандатар, партиата на кој освојил повеќе мандати во Собрание, или постигналe да сосдават парламентарно мнозинство од 61 пратеник. Според втората опција, можно е да се сосдават услови да се реализира и идејата на лидерот на ДУИ, Aли Ахмети за прв премиер албанец во Македонија, а со тоа да се деетнизира ова функција. Но “промајата” на Ахмети не ги фати во “грч” само Заев и Мицкоски, та уште еднашка ја истакна поделеноста по етнички лини, за која по промоцијата на владината програма “Едно општество за сите!”, помислевме дека и припаѓа на минатото.
Тамам помисливме дека едтничките поделби остана во минато време, идејата за прв премиер албанец, ја отвори повторно пандорината кутина на етничка нетрпение. Како и дае, изборните резултати ќе ја диктират понатамошната игра по 15 јули. Но премиерската функција како и дае, ќе се деетнизира еден ден!
Ексклузивитет не само на премиреската функција, туку на ниту една функција не може да има ниту еден етникум, особено кога сега сме земја членка на најмоќното војно политичка алијанса НАТО, а сме и пред портите на ЕУ. Па ако сакате и по просто кажено, демократските правила го налагат тоа, и Премиерската функсија може да ја добие секој еден граѓанин или граѓанинка на ова држава! Инаку, за да се оствари ова идеја треба широк консензус внатре-албанскиот политички кампус, бидејќи македонскиот блок по се изгледа изненаден на овој политички “рафал” на Ахмети, изрази доза на резерва и одбивање на ова идеја. Според ова, Македонија иако се интегрира во на НАТО и ЕУ се уште има потреба од дебати за меѓусебно разбирање и познавање, бидејќи се уште се води политичка борба по етничка лининија. Се уште синкронот ГРАЃАНИН важи само за еден етникум.
Иаку, во моментов идејата за прв албанец премиер изгледа невозможна мисија, ова може да се оствари ако не сега, во иднина, кога земјата ќе биде членка на ЕУ, a етиничките и религиозните поделби нема да бидат на агендата на политичката сцена во Македонија. Целта на Ахмети за премиер албанец, е голем политички потег, кој дава и предности по изборите во разговорите за состав на новата Влада.
Од независноста на Македонија па се до ден денс, политичките парти етничките поделби ги користат за партиски интереси. Заради ова неопходно е да се зајкне едукативниот карактер кај граѓаните, дека ова земја и припаѓа на сите подеднакво, и дека во неа сите имат еднакви можности да бират и да бидат избрани.
Дестан ЈОНУЗИ

Back to top button
Close