Вафли со сладолед

Кога вафлите се во комбинација со кремаст сладолед од фстаци и малини, резултатот е совршен летен десерт.

 

 

     Состојки:

За сладоледот:

  • 2 кесички за сладолед со вкус на ф’стак
  • 2 кесички за сладолед со вкус на малина
  • 800 мл млеко
  • Прелив од чоколадо и малина

За вафлите:

  • 100 грама растопен путер
  • 100 грама мазно брашно
  • 3 белки
  • 100 грама шеќер во прав

Подготовка:

За сладоледот од фстаци, додадете ја содржината од кесичката со смеса за сладолед во ладно млеко. Кратко измешајте со електричен миксер на најниска брзина, а потоа продолжете да мешате на најголема брзина 3 минути. Замрзнете ја подготвената смеса за сладолед додека не ја достигне саканата цврстина (најмалку 4 часа). Извадете ја од замрзнувачот најмалку 10 минути пред сервирање. Повторете го процесот за сладоледот од малини. Состојките за вафли ставете ги во блендер и блендирајте  додека не добиете мазна смеса. Ставајте од смесата за вафли во апарат-тостер за вафли и правете додека имате од смесата. Оставете ги целосно да се изладат, потоа сервирајте ги со подготвениот сладолед. Одозгора ставете прелив од чоколадо и малина.Уживајте!!

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close