Полнет модар патлиџан со зеленчук
Уште едно здраво јадење полно со зеленчук..

Состојки:
2 средни модри патлиџани
1 голем кромид
1 праз
1 чешне лук
1 свежа црвена пиперка
100 грама свежи печурки
2 големи домати
сол, бибер, свеж магдонос,пармезан
маслиново масло
Подготовка:
Исечете го модриот патлиџан на половина по должина, извадете ја средината со лажица и исечете ги на коцки. Пржете ситно исецкан кромид и праз во маслиново масло. Додадете лук и исецкана пиперка. Пржете сè кратко време, потоа додадете ги коцките модри патлиџани. Зачинете по вкус. Исечете ги печурките на листови, додадете ги во остатокот од зеленчукот и крчкајте уште неколку минути. На крајот додадете домати исечени на коцки. Ставете ги издлабените половинки од модри патлиџани во тава за печење, наполнете ги со подготвениот фил и наросете со пармезан, сецкан магдонос и малку маслиново масло. Ставете малку вода и масло околу нив. Печете 30 минути во претходно загреана рерна на 200 степени додека зеленчукот не омекне. Сервирајте топло!





