Полска купува 96 американски воени хеликоптери во вредност од над девет милијарди евра
Полска денеска потпиша спогодба со американската компанија „Боинг“ за купување на 96 воени хеликоптери „Апачи“, информираше полскиот министер за одбрана Владислав Кошиниак-Камиш.
– Ова е историска спогодба за купување на 96 ултрамодерни борбени и јуришни хеликоптери, ‘AH-64E Апачи’, изјави министерот.
Тој прецизираше дека купувањето изнесува 10 милијарди долари, или 9,14 милијарди евра.