Поповиќ: Скандалот со бодигардот уште една причина за оставка на Тошковски

Уште еден скандалозен случај, човек од обезбедувањето на премиерот Мицкоски завршува во притвор за семејно насилство. Брутално ја претепал сопствената сопруга. Ова е слика на опкружувањето на Мицкоски и на една криминална Влада во која насилството е нормализирано а институциите немаат капацитет за ништо, се вели во соопштението на СДСМ од денешната прес-конференција на Наташа Поповиќ, членка на Извршниот одбор на СДСМ.

Уште еден доказ дека системот е целосно распаднат а моралот со ВМРО-ОКГ срозан.

Обезбедувањето на Мицкоски е под директна надлежност на министерот Панче Тошковски.

Полицијата е партизирана со законот за МВР и служи исклучиво за заштита на криминалната група ВМРО и за злоупотреби против опозицијата.

Ако полицајците на Тошковски се тепачи и учесници на семејсно насилство нема систем што може да се воспостави за превенција ниту пак заштита на жртвите.

Полицијата е понижена, напредуваат кадри кои можат да дојдат од улица или од ВМРО, а не луѓе кои со години се усовршуваат во службата.Што уште треба да се случи за Панче Тошковски да понесе морална одговорност и да поднесе оставка?

А да… нема морал. Нема систем. Има само жртви.

Во последните две години со ВМРО-ОКГ на власт и Панче Тошковски во МВР, живееме во држава во која насилството е секојдневие – во училиштата, во домовите, на улиците.

Пред само неколку дена имаше случај на брутално врсничко насилство врз девојче во Скопје. Системот кој треба да штити – не функционира.

Грозоморни случаи на злоупотреба на малолетници имаше во Скопје, Гостивар и Неготино. Превенција – никаква. Одговорност – нула.

Семејното насилство е на секој чекор. Завршува трагично, и покрај бројни пријави кои МВР ги игнорира.

Млада жена и дете беа убиени и покрај 12 пријави за насилство – МВР било слепо и глуво.

Во Велес, насилник уби жена и нејзиниот татко. Во Старо Нагоричане, сериски убиец уби пет жени додека институциите игнорирале предупредувања со години.

Во Кочани згаснаа 63 животи – трагедија за која до денес нема одговорност.

Пет тони дрога поминаа преку граница без никаква контрола. Пет тони дрога без одговорност!

Системот е ставен во функција на заштита на власта, а не на граѓаните.

Одговорноста е директна кај министерот Панче Тошковски.

Време е да ја преземе.

Оставка веднаш!

 

 

Back to top button
Close