Поранешната влада на Аргентина осомничена за прислушкување новинари

 Аргентинската разузнавачка служба АФИ им предаде на судските власти  500 досиеја во кои се тврди дека има докази дека владата на поранешниот претседател Маурисио Макри шпионирала околу 400 новинари и речиси 100 други луѓе, јави официјалната новинска агенција Телам, пренесе ДПА.

Постојат сомневања дека во периодот 2015-2019, владата на Макри ја искористила агенцијата за да ги шпионира новинарите – вклучително и странските – во врска со акредитацијата за самитите на Г20 и Светската трговска организација, што се одржаа во Буенос Аирес.

Владата на Макри е исто така осомничена за шпионирање на политичари, водачи на граѓанското општество, научници и претприемачи. Властите барале информации за нивната политичка ориентација и ставовите кон социјалните прашања.

Во 2019 година, конзервативецот Макри ги загуби изборите од Алберто Фернандез, во услови на голема економска криза.

Back to top button
Close