Поранешен премиер и вицепремиер се под истрага за криминалот во Лотарија, потврди Тошковски
Тој не ги кажа имињата, но неофицијално се работи за екс вицепремиерот Артан Груби и експремиерот Димитар Ковачевски. Се проверува и работењето на екс премиерот Димитар Ковачевски и неговото влијание во случајот.
Од утрото полицијата врши претреси на повеќе локации поради сомнеж за сторен организиран криминал во Лотарија. Претрес е извршен и во домот на поранешниот прв вицепремиер Артан Груби, но како што е познато тој не е пронајден. Тошковски денес соопшти дека тој не е достапен и го повика ако е „чист како солза“, да се врати во земјата и да дозволи на институциите да ја истражат аферата. Тој му гарантираше и правда и лична безбедност и порача дека би сакал да верува дека е невин како што изјавува.
„10 минути пред да пристигне полицијата тој добил информација и побегнал. Тоа е катастрофално и за тоа мора некој да одговара“ рече Тошковски.
Недостапен е и екс директорот на Лотарија, Прпарим Бајрами за кој постои сомнеж дека пред неколку месеци избегал во Косово.
При извршените претреси, пронајдена е поголема сума на пари, а Тошковски потврди дека се најдени 40.000 евра кај еден од обвинетите, а 20.000 евра кај друг.