Поранешен советник на Трамп казнат четири месеци затвор за непочитување на Конгресот

Питер Наваро, екс-советник на поранешниот претседател Доналд Трамп, од американски окружен суд е осуден на четири месеци затвор поради игнорирање на конгресна покана да сведочи околу упадот во Капитолот на 6 јануари 2021 година.

Наваро е прогласен за виновен под две точки за непочитување на Конгресот во септември, откако игнорираше конгресна покана за сведочење и приложување документи пред Специјалната комисија на Претставничкиот дом која истражуваше околу 6 јануари.

Тој е втор осуден а поврзано со оваа истрагата после Стив Бенон, уште еден поранешен советник на Трамп. Обвинителите бараа иста „жестока“ казна од шест месеци. Се дозна дека Наваро и Бенон разработиле план да се одложи или најпосле да се промени исходот од формалното конгресно броење на резултатите од претседателските избори во 2020 година.

Бенон доби четири месеци за игнорирање на конгресна покана за сведочење, но ја даде одлуката на апелација. Истото се очекува да го стори и Наваро.

Двајцата ќе бидат првите лица после пет децении кои добиле затворска казна поради непочитување на Конгресот. Ваков прекршок се смета за злосторство и се казнува со максимална казна затвор од една година.

Back to top button
Close