Поранешна затвореничка помилувана, 27 години по пресудата за убиство на нејзиниот подведувач

Поранешна затвореничка од САД е помилувана, од гувернерот на Калифорнија, Гевин Њусом, 27 години откако била осудена на доживотен затвор за убиство на нејзиниот подведувач.

Во 1995 година, Сара Крузан е прогласена за виновна за убиство од прв степен, една година откако го уби Џорџ Гилберт Хауард. Имала 16 години. Во годините потоа, таа стана поборник за реформи во политиката во однос на жртвите на сексуална трговија со луѓе и тврдеше дека Хауард ја искористил за сексуална експлоатација и трговија со неа како тинејџерка.

„Лос Анџелес тајмс“ пишува дека Крузан го запознала Хауард кога имала 11 години. Набргу по нивната средба, Хауард ја принудил на секс со други мажи заради материјална добивка. Години подоцна, Крузан го убила Хауард во мотел, со истрел од огнено оружје, бидејќи, како што вели, се плашела за својот живот.

На 1 јули, Њусом ја помилува Крузан, првично осудена на доживотен затвор без право на помилување, заедно со 17 други.

„Кога г-ѓа Крузан имаше 16 години, таа смртно го застрела човекот кој ја злоставуваше и тргуваше со неа заради секс“, се вели во одлуката за помилување, и се додава дека „таа дала докази дека покажала добро владеење, како и својата способност за враќање кон граѓанските права и одговорности“.

Во 2011 година, гувернерот Арнолд Шварценегер ѝ ја намали казната на 25 години и во својата петиција за помилување ја вклучи можноста за условно ослободување. Две години подоцна, Судот уште повеќе ѝ ја намали казната, па таа истата 2013 година беше ослободена од затвор – на свои 35 години. Но, како осуденичка, не можела да најде работа.

Во соопштението за печатот се наведува дека, иако не ја ослободува од вината, помилувањето дејствува на отстранување на „контрапродуктивните бариери за вработување и јавни услуги“.

Back to top button
Close