Поранешниот шкотски премиер Салмонд почина во Охрид
Денеска за време на школата за млади лидери која се одржува во организација на поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов се случила трагедија. За време на настанот почина поранешниот премиер на Шкотска Александар Елиот Андерсон Салмонд.
Салмонд починал додека ја држел својата сесија на предавањето.
Александар Елиот Андерсон Салмонд e роден на 31 декември 1954 година, тој е шкотски политичар, економист и телевизиски водител, кој беше прв министер на Шкотска од 2007 до 2014 година.
Истакната фигура во шкотското националистичко движење, тој бил лидер на партијата Алба од 2021 година. Салмонд беше лидер на Шкотската национална партија (СНП), во два наврати, од 1990 до 2000 година и од 2004 до 2014 година. Тој беше заменик лидер на партијата од 1987 до 1990 година. Салмонд беше домаќин на Шоуто на Алекс Салмонд (2017–2022) на RT ОК.
Во чест на Салмонд вечерва ќе се одржи комеморација на која ќе се обрати поранешниот претседател Иванов, заменикот-генерален секретар на ОН Моратинос како и дел од учесниците на форумот. На комеморацијата ќе присуствува и претседателката Гордана Сиљановска Давкова.
Салмонд вчера имаше излагање на второто издание на Форумот за културна дипломатија во коорганизација на кабинетот на поранешниот претседател Ѓорге Иванов, Меѓународниот центар „Алијанса на цивилизациите“ и Институтот за културна дипломатија од Берлин.