Пораст на Ковид-19 случаи во Црна Гора за околу 130 отсто

Во Црна Гора изминатите денови има пораст на новозаразени со коронавирус. Затоа се издаде препорака да се носат заштитни маски на аеродроми, железнички и автобуски станици, како и на сите места каде се собираат голем број луѓе.

Mountains Kotor City Montenegro Tourism Sea

Бројот на заразени изминатите две недели порасна за околу 130 отсто. По бројот на активни случаи, моментално во водство се крајбрежните општини, што е разбирливо имајќи ја предвид летната туристичка сезона.

Сега има вкупно 1.367 активни случаи на Ковид-19 во Црна Гора.

Препораката за носење заштитна маска на аеродром, железничка и автобуска станица, особено се однесува на хронично болните, постарите лица и имунокомпромитирани луѓе.

„Исто така, се препорачува и вакцинирање против Ковид-19, особено за граѓаните од ранливи категории“, соопшти црногорското Министерство за здравство.

Back to top button
Close