Портпаролка на ЕК: Одлуката на Косово за табличките не е во согласност со договорите од дијалогот


Портпаролката на Европската Комисија (ЕК) за надворешно-политички прашања, Набила Масрали, изјави дека Косово „има право постепено да ги менува КМ табличките, но дека овој процес мора да биде во рамките на договореното во дијалогот”, јави дописникот на МИА од Белград.

-Го видовте нашето соопштение во кое наведуваме дека сме запознаени со последните одлуки на косовската влада во врска со табличките. Јасно нагласуваме дека Косово има право постепено да ги менува КМ табличките, но тој процес мора да биде во рамките на договореното во дијалогот. Оваа одлука не е во согласност со договорите од дијалогот меѓу двете страни и во согласност со договорот од 2016 година, изјави Масрали.

Таа додаде дека Европската Унија ќе продолжи да работи со своите партнери за изнаоѓање на одржливо решение.

-Исто така, ги повикуваме актерите да го задржат мирот и да не дозволат заживување на непотребни тензии на теренот, рече портпаролката на Европската комисија

Back to top button
Close