Поскапуваат горивата – Бензините за 1,5 денар, дизелот за 3,5 денари

Регулаторната комисија за енергетика (РКЕ) донесе одлука со која од 25 август од 00:01 часот се зголемуваат максималните малопродажни цени на нафтените деривати во просек за 2,62 отсто.

Според новата одлука, „Еуросупер БС-95“ ќе се продава по максимална цена од 93 денари за литар, додека „Еуросупер БС-98“ ќе чини најмногу 95 денари за литар. Дизелот поскапува за 3,5 денари и неговата максимална цена ќе изнесува 101,50 денари за литар.

Екстра лесното масло за домаќинство поскапува за 2 денари и ќе чини најмногу 100,50 денари за литар, додека мазутот поскапува за 1,850 денари и новата максимална цена ќе изнесува 45,576 денари за килограм.

РКЕ информира дека зголемувањето е резултат на повисоките референтни цени на нафтените деривати на светскиот пазар. Во однос на претходната пресметка, бензините поскапеле во просек за 3,795 отсто, дизелот за 4,842 отсто, екстра лесното масло за 3,958 отсто, а мазутот за 6,467 отсто.

Во исто време, курсот на денарот во однос на американскиот долар во периодот според кој се формирале претходните цени бил понизок за 0,534 отсто.

Од РКЕ нагласуваат дека станува збор за максимални цени, што значи дека трговците можат да ги продаваат горивата и по пониски цени.

Нови максимални цени од 25 август:

Еуросупер БС-95: 93 денари/литар

Еуросупер БС-98: 95 денари/литар

Еуродизел: 101,50 денари/литар

Екстра лесно масло: 100,50 денари/литар

Мазут М-1 НС: 45,576 денари/килограм

Back to top button
Close