После една недела Лукашенко се појави во јавност со завој на раката

Отсуството на Лукашенко предизвика шпекулации за неговото здравје.

На Телеграм каналот Пул Первово, државен весник кој ги следи активностите на Лукашенко, беше објавено дека претседателот на Белорусија бил во централната воена воздухопловна база. Според фотографијата, се чини дека Лукашенко има завој на левата рака.

Лукашенко последен пат беше виден во јавноста на 9 мај, Денот на победата, додека беше во Москва и Минск.

После тоа тој не се појави во јавноста, по што следуваа силни гласини дека тој е пренесен во болница поради здравствени проблеми. ссм/

фото: Телеграм канал Пул Первого

Back to top button
Close