Последно збогување со ракометарот Денис Тот, солзи и болка во Ѓаково

 
Денис Тот денеска беше погребан во родното Ѓаково откако до смрт беше претепан во Скопје. Заедно со најблиските роднини и пријатели, од ракометарите се простија и голем број сограѓани.
  
„Дениз, ти благодарам за се што направи за твоето семејство, твојот град и спортот“, рекол свештеникот, пренесува Радио Ѓаково.
  
“Тешко е да се каже последното благодарам бидејќи можеше да направи многу повеќе, но мораме да го прифатиме тоа. Тој не напушта, но споменот му останува”, рекол свештеникот.

Хрватските медиуми објавуваат дека во Скопје се води истрага, но и дека има сомнеж за обид за прикривање на убиството.

Back to top button
Close