Поставена бомба пред полициска станица во Атина. Предупредувачка порака испратена во весник

Од полицијата соопштија дека во 12:29 часот биле известени од грчки весник дека добиле снимена порака во која било пријавено дека е поставена бомбата што ќе експлодира за 45 минути, по што веднаш бил затворен целиот простор.

Експлозивен механизам денеска бил поставен во близина на седиштето на полициската единица за чување на редот (МАТ) во Атина, а по добиениот анонимен и предупредувачки повик, бомбата била неутрализирана, јави дописничката на МИА од Атина.

Од полицијата соопштија дека во 12:29 часот биле известени од грчки весник дека добиле снимена порака во која било пријавено дека е поставена бомбата што ќе експлодира за 45 минути, по што веднаш бил затворен целиот простор. Експлозивниот механизам бил пронајден во простор со дрвја, по што следела и деактивацијата.

Back to top button
Close