Постојано се вљубувам во истиот тип на личност. Како да ја променам таа навика?

Честопати ме предупредуваат- долгогодишни пријатели, вознемирени љубовници и мојот нежно упорен терапевт – дека имам „тип“. Би протестирала, но 10 годишната пракса не може да лаже.
Колеги новинари или други креативни ликови; темнокоси, со изразено мажествени црти и – по можност – голем нос.

Историјатот ми е толку конзистентен што пријателите может со ласерска прецизност да ми организираат дејт со некого, додека минатите дечковци ги направив самосвесни за сопствените носови. Мислам дека не сум плитка, но понекогаш не можете да не ги забележите шаблоните.

34-годишната Фреја го опишува нејзиниот тип како груб и влакнест, „Сега сум среќно мажена со „дивјак“.

Јасмин (31) вели дека се лула помеѓу два вида, едни кои ги нарекува „стаорци“ („високи, тенки и претенциозни“) и „мечки“ („покрупни и повлакнести“).

39-годишната Стела е поконзистентна: „Ако ги ставите сите со кои некогаш сум спиела во соба, тоа би изгледало како семејна средба: многу мажи од околу 1.80 со црна коса, барем еден ирски родител и често дури и слично име“.

35-годишната Кеша ги опишува нејзините минати љубови како: „мала толпа црвенокоси“.

Рони (24) го привлекуваат жени кои изгледаат како да „може да глумат во некоја европска драма“

Сајмон (37) има историја со жени кои личат на неговата бивша – која личи на женска верзија на него. Тоа не му предизвикува никакви тешкотии: „Не го правам тој избор свесно, но ниту свесно се оддалечувам“. И, додава: „Мислам дека дефинитивно имало жени за кои и јас сум бил „еден од типот“.

 

Биологот и специјалист за генетика Лијат Јакир во својата книга „Кратка историја на љубовта“ која ќе се објав скоро пишува дека привлечноста е под влијание на „разновидни генетски, еволутивни, семејни, психолошки, социјални и културни фактори“. Но, може да стане проблематично кога суштински не е во согласност со нашите потреби – на пример, кога постојано се среќаваме со забавни, но несигурни потенцијални парнер/ки иако бараме долготрајна врска.

Апликациите за запознавање ни овозможуваат да го следиме нашиот тип исклучиво со ставање на површни критериуми во преден план, како, на пример, височината. Но, типот може постепено да се прошири и да ги одразува карактеризациите на нашите минати врски – што значи дека можеби не сме свесни за сите начини на кои се ограничуваме во потрагата по љубов.

Мојот тип, иако не е потполно фиксиран, досега не успеа да доведе до трајна врска – иако тоа може да има повеќе врска со мојата потсвесна наклонетост кон емоционално недостапни мажи отколку со големината на носот.

Значи, што можете да направите кога е чини дека вашиот „тип“ работи против вас?

„Многу луѓе доаѓаат кај мене за коучинг и ми велат: „Логан, јас точно знам што сакам: црвенокоса, средно висока, што игра тенис“, вели Логан Ури.

Како одговорна во делот наука за врски и дејтинг на апликацијата за состаноци Hinge, Ури од прва рака гледа како луѓето можат да се саботираат самите себеси во потрагата по љубов. Голем дел од ова е поврзано со отпор кон искушението – засилено со површните профили на апликациите и донесувањето одлуки во дел од секундата – се фокусираат на луѓе кои веднаш им се чинат привлечни. „Мојот слоган е: „Мислите дека знаете што сакате – но грешите“, вели Ури.

Повеќето клиенти даваат приоритет на она што таа го нарекува „основно резиме“ како висина, работно место или ниво на образование.

„Се обидувам да им помогнам да сфатат дека типот на личност по која скокаат во првиот момент можеби не е тип на личност што би ги направила среќни на долг рок“, вели Ури.

Нејзината прва задача е да открие кои од критериумите на нејзините клиенти се всушност тие кои им прават контрауслуга, а би можеле да бидат подобро преработени или целосно отстранети. На пример, лице кое бара некој кој работи во финансии може едноставно да сака финансиска сигурност, која не е ексклузивна за ниту една професија.

Што се однесува до висината, Ури вели дека оние кои ја повлекуваат линијата на над 185cm.  може да бидат вознемирени кога ќе откријат колку го стеснуваат својот избор: само 14% од мажите во САД, на пример, се повисоки од 185.

„Луѓето се жалат: „Нема никој добар“ – но тие не се среќаваат со 86% од потенцијалните партнери“, вели таа. „Нема докази дека наоѓањето на некој кој е 180 или повисок го прави подобар партнер во романтична врска“.

Понекогаш некои критериуми не се менуваат.
На пример, 25-годишната Роуз не можеше да ја промени својата преференца за висина. „Дел од тоа е поврзано со тоа што била исмевана во училиште поради тоа штобила далеку повисока од останатите.

Но, според социјалната психологија, развиваме претпочитање за карактеристики кои ни се веќе познати – што значи дека сме изложени на ризик да заглавиме со конкретен „тип“, дури и кога не функционира.

Студијата од 2019 година, која ги споредува карактеристиките на личностите на сегашните и минатите партнери на учесниците, покажа дека имаме тенденција да влегуваме во врска со „ист тип на личност одново и одново“ – што потенцијално придонесува за повторливи тешкотии во односите.
Ури ги предизвикува своите клиенти да ги „прошират своите филтри“: буквално, на апликациите – со помош на поголема флексибилност во однос на параметрите како возраст, религија или локација – и со тоа остануваат отворени да бидат изненадени.

Така, кога Надин го запознала Хари, имала проблем со неговата професија. Испратила порака до своите пријатели, вознемирена: „Тој работи во финансии“, а потоа четири емотикони – череп.

„Имав многу предрасуди“, признава таа. Но, љубезниот, непоколеблив Хари набрзо потполно различен од вообичаен тип на мажи со кои излегувала.

„Не можев да поверувам дека излегувам со некој кој е едноставно добар и секогаш ми се јавува кога ќе рече“, вели Надин. „Бев како: „Леле, значи ова не треба да е ебен кошмар?“
Сега се свршени.

Често, вели Ури, нејзините клиенти ги опишуваат состаноци кои „убави, но здодевни“: „Тие велат „Не ја чувствувам искрата – не размислувам за нив цело време… Зошто не би бил со некоја личност кој ми го буди тоа чувство?’“

Но, ова одразува проблематичен „стил на приврзаност“ – често поедноставен како „вознемирен“ или „избегнувачки“.
„Нивната визија за љубовта и она што го доживеале е постојано бркање некого и незнаење на што се“, вели Ури. „Кога некој е директен со нив, вели: „Ми се допаѓаш; Сакам да те видам повторно“, или дури и да е само љубезен со нив – одеднаш, таа личност не им делува возбудиво повеќе“.
За оние кои се запознаени со овој модел, патот до љубовта е учењето да препознаат како минатите искуства влијаат на нивната сегашност – и какви личности и динамики, иако привлечни, можеби нема да им донесат среќа.

Излезот од „оваа анксиозно-одбегнувачка јамка“ е во тоа некој да стане посигурен во себе и да научи да ја препознае сигурноста како пожелна особина кај другите, вели Ури.
Но, тоа е далеку од лесно. „Безбедно поврзаните“ луѓе – оние кои не се срамат од блискоста, и трагаат по таква поврзаност, наводно сочинуваат само 20% од луѓето кои бараат партнери, бидејќи тие веќе се врзале на таков начин со некој друг.

„Луѓето прашуваат „Како можам да знам од нечиј профил дали е соодветен?“ Не можете“, вели Ури. Таа предлага да се сретнеме со некој кој се чини соодветен што е можно поскоро односно по три дена испраќање пораки. Потоа, наместо да ја чекате легендарната „искра“, обидете се да одбрнете повеќе внимание на суптилностите на интеракцијата.

Имаме тенденција да им приоѓаме на првите состаноци како на „размена на информации“, како интервју за работа, вели Ури. Поважно е искуството, кое таа го проценува низ осум прашања, меѓу кои: „Која страна од мене ја вадат на површина? Како си го чувствував телото за време на состанокот: вкочането, опуштено или некаде помеѓу? Дали ме насмеаа?“
Ова се многу порелеантни мерачи на компатибилност отколку инстантната хемија, која може да биде краткотрајна, неспецифична или на друг начин да нè доведе во заблуда, вели Ури.

Промената на навиките на запознавање може да ви делува збунувачки, па дури и неприродно; Ури го споредува со дегустација на чисто какао по цел живот јадење млечна чоколада. Но, за оние кои искрено бараат стабилна љубовна врска, вреди, вели таа.

„Морате да скршите некои обрасци за да стигнете таму, [но] тоа може да биде толку ослободувачко“. Истражувањето и искуството на нејзините клиенти го потврдуваат тоа, вели Ури.
Самата љубовта ја пронашла со запознавање надвор од нејзиниот тип.

Ури го запознала Скот на колеџ; а во врска влегле години подоцна.Но, пред да им се вкрстат патиштата по втор пат, Ури му го видела профилот на Тиндер – и го одбила.
Но заедно се веќе девет години.
Скот не покажал ништо од тоа што таа потсвесно му го припишала и ја одбивало. Наместо да ја брка искрата, Ури избрала „тивок оган“: „некој кој е навистина одличен и продолжува да се подобрува“, вели таа весело.

„Тоа е она што им го посакувам и на другите луѓе“ вели Ури.

Ел Хант

извор: Гардијан

Back to top button
Close