Повлекување на странски компании од слободните зони не го загрижувало Мицковски. Имало други со кои преговара

Одговарајќи на новинарско прашање дека дел од странските компании ја напуштат земјава, а дел ги намалуваат капацитетите, Мицкоски рече дека процесот ќе биде надминат бидејќи во меѓувреме, како што посочи, преговараат со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат.

– Има и неколку нови компании коишто најавуваат отпочнување на инвестиција или отворање на нови производни погони, така што тоа е процес кој што е тековен. Оваа компанија за којашто вие кажавте нѐ информираше пред неколку недели, оваа година тие ќе си работат тековно, нормално ќе си работат. Преговараме со дел од инвеститорите кои што се заинтересирани да инвестираат и многу брзо денеска ќе се надмине овој процес. Така што, јас повеќе сум загрижен дали ќе имаме доволно работна сила за сите оние инвестиции кои што се во процес на инвестирање – рече премиерот.

Дел од компаниите во слободната зона Бунарџик ја напуштаат Северна Македонија, дел пак ги намалуваат капацитетите. Компанијата „Аптив“ заминува од земјава, а Џонсон Мети најавува намалување на бројот на вработени.

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close