Пожар на грчкиот остров Парос

Подобрена е ситуацијата со пожарот што синоќа избувна во источниот дел на грчкиот остров Парос, а продолжуваат напорите на пожарникарите, како од копно, така и од воздух, за огнените јазици да бидат ставени под контрола, јави дописничката на МИА од Атина.

Причината за пожарот е непозната, доцна синоќа започна да гори ниска вегетација во областа Молос на Парос, а поради ветерот, пожарот брзо се прошири.

Цела ноќ траеше битката со огнената стихија, интервенираа 14 пожарникари со пет возила, помагаа и цистерни од општините, а утрово на островот беше испратен   тим пожарникари од Сирос, а противпожарните сили се зајакнати и со два авиони.

Back to top button
Close