Пожар во стан во Аеродром – на местото на настанот пристигнала и Брза помош

Вчера во 09:38 часот, во СВР Скопје била пријавена појава на пожар во стан на подрачјето на општина Аеродром, сопственост на В.А. (83) од Скопје.

По добиената пријава, Бригадата за противпожарна заштита Скопје веднаш интервентирала и успешно го изгасила пожарот. На местото на настанот пристигнала и Итната медицинска помош, која и укажала помош на сопственичката В.А. поради вдишување чад.

Back to top button
Close