Позната е причината зошто Меланија Трамп одби да се сретне со Џил Бајден
Откако Меланија не ја следеше традицијата, многумина се запрашаа зошто идната прва дама се одлучила на овој чекор.
Во јули, по атентатот на нејзиниот сопруг Доналд, Меланија разговарала со Џил по телефон.
Во интервјуто кое Меланија го даде зафранцуските медиуми, една недела пред изборите, таа откри каков бил нејзиниот разговор со Џил.
„Таа не ми изгледаше искрена. Се прашувам дали загриженоста на Џил е вистинска, бидејќи неколку дена претходно таа го нарече мојот сопруг негативец и лажго. Очигледно е дека нападот на реториката од демократските лидери и мејнстрим медиумите беше толку вкоренета во главите на луѓето што тоа го поттикна атентатот врз мојот сопруг“, рече Меланија пред некој ден.
Многу аналитичари сметаат дека одбивањето на Меланија да се појави на состанокот е првиот чекор кон оддалечување од мирна транзиција на власта.
Претставникот на кабинетот на Џил Бајден претходно изјави дека Бајден им понудил на Трамп честитки, заедно со традиционалната покана за посета на Белата куќа, но Меланија ја одбила понудата.
„Госпоѓа Трамп нема да присуствува на денешниот состанок во Белата куќа. Враќањето на нејзиниот сопруг во Овалната соба за да започне процесот на транзиција е охрабрувачки и таа му посакува голем успех“, се вели во соопштението објавено на социјалната мрежа X.
Да потсетиме дека во јули на митингот на Трамп во Пенсилванија се слушнаа истрели, при што обезбедувањето веднаш го тргна поранешниот претседател од бината.
Трамп додека го држеше својот говор изгледаше како да паднал на земја. Брзо бил опколен од агенти на Тајната служба и останал на земја околу една минута. Тој потоа стана, ја крена тупаницата во воздух, пред да биде изнесен од сцената. Напаѓачот беше елиминиран