Познатата холивудска актерка Денис Ричардс пие чај Good Nature во популарно ријалити-шоу

Холивудската дива и поранешна Бонд-девојка Дениз Ричардс ужива во шолја чај Good Nature.

Во најновата сезона на „The Real Housewives of Beverly Hills“ или „Вистинските домаќинки од Беверли Хилс“, едно од најгледаните американски шоуа од овој карактер, Дениз Ричардс, во друштво на остатокот од екипата, ужива во шолја чај Good Nature.

Во десеттата епизода од актуелната 13-та сезона, една од ријалити-ѕвездите, Кристал Кунг Минкоф, на тако-забавата која ја организира за своето друштво од Беверли Хилс го послужува токму чајот Good Nature како свој избор на пијалак. Само споменатата епизода постигна гледаност од над 1.100.000 гледачи, што за нашиот бренд значи постигнување огромна видливост и е уште една потврда дека квалитетот е секогаш препознаен – дома и во светот!

„Алкалоид“ како производител на чаеви е присутен на американскиот пазар речиси 20 години, најпрвин преку соработката со AVEDA, членка на групацијата Estee Lauder, а потоа и со пласман на своето портфолио Good Nature во 2010 година. Четири години подоцна, како следен чекор во ширењето на брендот Good Nature, чаевите на „Алкалоид“ стануваат достапни за продажба и преку најголемата платформа за онлајн-трговија „Амазон“, исполнувајќи ги високите критериуми што ги налага светски познатиот гигант при изборот на производи кои можат да се продаваат преку платформата. Во 2020 година Good Nature остварува уште еден успех добивајќи признание за еден од своите производи, чајот Good Nature Healthy Heart, кој се најде на престижната листа на Amazon’s choice како еден од најдобро продаваните производи на „Амазон“.

Фото: Алкалоид

Алкалоид

Back to top button
Close