Пред македонската Амбасада во Бугарија граѓаните изразија сочувство за загинатите во Кочани
Пред македонската Амбасада во Бугарија синоќа се собраа граѓани за да изразат сочувство кон жртвите кои загинаа во пожарот во Кочани.

Како што информираа од Здружението „Нова политичка емиграција на македонските Бугари“, присутните запалиле свеќи, положиле цвеќе и со едноминутно молчење го изразиле своето сочувство.
Во амбасадата пристигна и отповиканата амбасадорка Агнеса Руси Поповска, која искажа благодарност до Бугарија за пружената помош.
Во амбасадата ќе биде поставена и книга за жалост, каде граѓаните ќе можат да изразат свои сочувства.
Од Здружението додаваат дека со цел да обезбедат поддршка за сите засегнати, обезбедени се следниве телефонски броеви за контакт, кои ќе бидат активни од 21:00 часот, македонско време:
+359886007837
+359886007767
+359886007197