Предбрачен договор: Ако ја изневери, цел живот ќе ѝ ги плаќа сметките

„Тиктокерка“ по име Шајлин Мартинез од американската сојузна држава Ајдахо открива како се погрижила и осигурала околу тоа нејзиниот свршеник да не ја изневерува.

– Мојот вереник штотуку потпиша правен документ што го заверивме и на нотар, каде што се вели дека, доколку тој некогаш ме изневери, ќе мора да ми ги плаќа сметките. Значи, ако ме изневери, се зае**л!, вели девојката во видеото на Тик-ток, кое има над осум милиони прегледи.

Идната невеста додава дека тоа е „паметно и моќно и вистински божји дар“ оти нејзиниот свршеник лично го напишал документот.

„Ова е убедливо најпаметното нешто што сум го слушнал“, „Може ли да ни испратите линк со ПДФ од тој документ“ – гласат дел од коментарите.

Мартинез натаму нагласи дека нема да ги открива подробностите од тој договор и оти тоа било „многу романтичен гест“ од нејзиниот свршеник.

Back to top button
Close