Предлог казни од по 2 000 евра против 12 лица за непочитување на полицискиот час во Скопје

Основното јавно обвинителство Скопје до судот поднесе предлози за издавање казнени налози од по 2 000 евра против 12 лица за непочитување на полицискиот час.

– Обвинетите не постапиле согласно Одлуката за забрана и посебен режим за движење на територијата на Република Северна Македонија, односно за веме на полицискиот час биле затекнати како се движат на различни локации во градот, стои во соопштението од ОЈО.

Обвинителството му предложи на Основниот кривичен суд Скопје за сите обвинети да изрече парични казни од по 100 дневни глоби при што висината на една дневна глоба да биде одредена на 20 евра во денарска противвредност.​

Сите се обвинети за непостапување според здравствените прописи, кривично дело предвидено и казниво согласно член 206 став 1 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close