Преспивање кај другарче – аргументи „за“ и „против“

За некои деца, спиењето кај другарче е „бегство“ од родителите, макар и за една ноќ, и сѐ тоа е исполнето со забава, кикотење и сосем нови, незаборавни мигови пред другарското одење на спиење.

Дали спиењето во туѓа куќа е безбедно за децата? Познавачите велат дека е нормално родителите да имаат измешани чувства за тие преспивања вон домот… А, многу родители имаат свои причини за загриженост, па треба да се имаат на ум неколку работи, кога Вашето дете ќе праша – Може ли да спијам кај другарчето?

 

Нема правилен или погрешен одговор на тоа прашање. Родителот, пред сѐ, треба да се праша себеси – дали тоа место е безбедно или не, а и дали детето е подготвено за таков чекор?

На некои родители, на пр., не им пречи тоа и дозволуваат преспивања во својот дом, но и го пуштаат детето да спие само кај некои другарчиња – обично кај куќни пријатели.

– Треба да ги знам родителите на другите деца, за да ги пуштам моите деца да спијат кај нив. Па, ако тие ме прашаат и јас сум задоволна со другото дете и неговото семејството, јас велам „да“, појаснува Кристина Ман Караба, чии деца имаат 12 и 14 години.

Но, има родители кои не го дозволуваат преспивањето – особено ако се плашат од можните опасности.

– Сведок сум на премногу околности кога детето било повредено од некого за кого никогаш не се мислело дека ќе направи такво нешто или дека е доверлив пријател или член на семејството. Тоа остава трајни последици… Па, мојот одговор е – „не“, вели Бетани Кук, родител на две деца и лиценциран клинички психолог.

Ако сте загрижени дали детето се чувствува запоставено, Кук вели дека има и други забавни алтернативи, за тие да учествуваат во заеднички активности со другарчињата, како што се дневни патувања, дополнителни часови по уметност, музика или некое друго хоби. Може, исто така, да му дозволите на детето да организира „епска забава“ дење – како замена за преспивањата ноќе.

И не се работи само за безбедноста – некои родители и не можат да му се посветат на уште едно дете, по напорниот работен ден. Битен фактор се и медицинските проблеми кај некои деца, или пак „мокрењето в кревет“…

Дали овие преспивања се безбедни? Секој родител сака децата да бидат, пред сѐ, безбедни и обично, токму за возрасните следи непроспиена ноќ во ваков случај. Д-р Харви Карп, американски педијатар вели оти за тоа има посебна подготовка.

Тој има неколку совети за поголема доверба кон другите луѓе и помала загриженост кај родителите.

1. Побарајте го домот (но и профилите на социјалните мрежи) но другото семејство, однапред.

2. Разговарајте со Вашето дете за тоа што да очекува при преспивањето. Најголемиот дел од вознемиреноста и за родителите и за децата, доаѓа од стравот од непознатото. Карп предлага однапред дома да се разговара со детето за сѐ тоа.

3. Водете постојани дискусии за личната безбедност, автономијата на телото и како детето да се справи со потенцијално опасни ситуации.

4. Дозволете му на Вашето дете да си ја понесе својата удобна постелнина, играчка, облека или каков и да е тој предмет.

5. Нагласете му на детето дека може, ако сака, или треба, во секој миг да се премисли и – да се врати дома.

Back to top button
Close