Претежно сончево со утринска магла по котлините

epaselect epa07073531 Fog floats above the landscape near Stara Basta, or Obast in Hungarian, southern Slovakia, 06 October 2018. EPA-EFE/PETER KOMKA HUNGARY OUT

Утре во утринските часови по одделни котлини ќе има појава на магла или ниска облачност, особено во западните делови на земјата, а преку денот времето ќе биде претежно сончево и потопло. Ќе дува слаб ветер од северозападен правец поизразен во претпладневните часови.

Максималната температура ќе биде во интервал од 10 до 16 степени.

Во Скопје времето преку денот ќе биде претежно сончево, а наутро со услови за слаба магла. Претпладне со слаб до умерен северозападен ветер. Максималната температура ќе достигне до 12 степени.

Во наредните денови продолжува периодот на стабилно време со повисоки дневните температури, а значително повисоки температури за овој дел од годината ќе има на планините во утре и во вторник. Во следните денови во утринските часови понекаде во котлините ќе се задржи умерено облачно и магливо, што ќе услови пониски дневни температури.

Back to top button
Close