Претпродолжението на „Кралот Лав“ најавено за 2024 година

 Продукциската куќа „Дизни“ објави дека новото продолжение на „Кралот Лав“ ќе се појави во кината во 2024 година.

Станува збор за „Муфаса: Кралот Лав“ (Mufasa: The Lion King), всушност – претпродолжение на филмот од 1994. и на неговата преработка – играниот филм од 2019 година. Според „Реп“ (The ​​Wrap), и режисерот-оскаровец Бери Џенкинс се спомнува како соработник, како и сценаристот Џеф Нејтансон.

Во актерската екипа, засега се најавени Арон Пирс, Сет Роген, Келвин Харисон Помладиот, Били Ајшнер и Џон Кани.

Приказната го следи животот на таткото на лавот Симба – главниот лик од оригиналниот цртан филм. Филмот е во претпродукција, а ќе се снима во Јужна Африка.

Back to top button
Close