Претставничкиот дом изгласа втор импичмент на Трамп

Предмалку беше премината границата од гласови доволни за вториот импичмент на  американскиот претседател Доналд Трамп.

Со ова станува  првиот претседател во историјата на САД кому двапати во еден мандат му бил изгласан импичмент. Актуелната расправа е поради неговата улога во минатонеделниот упад во Конгресот.

Резолуцијата за импичмент го товари Трамп со еден член, „поттикнување бунт“.

Ако со просто мнозинство од 435 пратеници се одобрат обвиненијата, постапката се префрла во Сенатот, Горниот дом на Конгресот, кој го спроведува судењето, засега не е познато кога ќе започне постапка, со оглед дека од мандатот на Трамп останаа уште осум дена.  Според Уставот, потребни се две третини од сенаторите за да биде осуден и сменет претседателот. Познавачите не очекуваат дека во Сенатот ќе биде донесена одлука за отповикување, но со просто мнозинство може да одлучи дека тој нема да може да се кандидира за втор мандат.

Back to top button
Close