Претставници на партијата на Курти ќе бидат на пратеничките листи како поединци, не како партија – објаснува Изет Меџити
Странска партија не може да учествува на избори во Северна Македонија, но нејзини претставници, хипотетички гледано, доколку имаат македонско државјанство, односно двојно државјанство, и ги исполнуваат условите пропишани со Изборниот законик, можат да бидат кандидати за пратеници. Ова е објаснувањето што „360 степени“ го доби од Државната изборна комисија по дилемата која се наметна вчера во јавноста за тоа како движењето Самоопределување на косовскиот премиер Албин Курти ќе учествува на парламентарните избори кога не е регистрирано како партија во земјава.
Имено, претседателот на Демократското движење, Изет Меџити, вчера на отворањето на заедничките канцеларии на коалицијата „Европски сојуз за промени“, информира дека на опозициските партии на Албанците им се приклучила уште една партија, а тоа е Движењето Самоопределување.
Како што рече Меџити, изборната програма се работи заедно, канцелариите се заеднички, кампањата ќе биде заедничка и на изборните листи на оваа коалиција ќе има претставници на Самоопределување.
„Од денеска Европскиот сојуз за промени се состои од четири политички партии. Тоа значи дека во овие четири е и Самоопределување, тие ќе бидат дел од пратеничките листи, значи ќе има член, претставник на Самоопределување“,
рече Меџити.
Советникот на косовскиот премиер Албин Курти за Северна Македонија, Беким Ќоку, кој беше присутен на отворањето на заедничките канцеларии, потврди дека движењето Самоопределување ќе биде четвртиот столб на опозициските партии на Албанците.
- наполнил 18 години живот;
- има деловна способност;
- не е осуден со правосилна судска одлука на безусловна казна затвор над шест месеци, чие издржување се уште не е започнато и
- не се наоѓа на издржување казна затвор за сторено кривично дело.