Причини зошто е потребен јогуртот во секојдневната исхрана

Калциумот претставува минерал кој е неопходен во исхраната за добро здравје, но и за правилен раст и развој на децата. Како тие растат и се развиваат од моментот на раѓање сè до влегување во адолесценција, но и кај возрасните луѓе, потребно е внесување калциум во организмот на дневна основа.

Како важен минерал, калциумот е добар пријател на човековото здравје затоа што придонесува за правилна коагулација на крвта, го зајакнува имунитетот, дава цврстина на забите и придонесува за здрави и цврсти коски.

Постојат два начина за внес на калциум во организмот, по пат на исхрана или преку суплементи. Но, сепак, подобар е природниот начин преку секојдневната исхрана. Во овој случај, млечните производи претставуваат најдобар извор на калциум.

Јогуртот е млечен производ богат со калциум, но освен овој минерал содржи и други состојки коишто се неопходни за општото здравје. Со пробиотиците што ги содржи, LA-5 и BB12, како и пребиотикот олигофруктоза, којшто е храна за пробиотиците, функционалниот јогурт Баланс+ претставува уште и одличен напиток кој го регулира варењето на храната и ја помага работата на цревата. Редовното консумирање по 500 грама дневно на јогуртот Баланс+ за 10 дена може успешно да го регулира варењето и да превенира појава на лоши бактерии во дигестивниот систем.

 

 

Можеби ќе ве интересира
Close
Back to top button
Close