Приморац не му ja честиташе победата на Милановиќ

Драган Приморац, кандидатот на владејачката ХДЗ и нејзините коалициони партнери не му ја честиташе победата на неговиот противкандидат Зоран Милановиќ .

Приморац поголемиот дел од времето го помина во загрепскиот хотел Вестин, заблагодарувајќи им се на оние кои гласаа за него, но и на оние кои не гласаа. Тој посебно им се заблагодари на премиерот и лидер на ХДЗ Андреј Пленковиќ и на ХДЗ.

„Ние сме една горда нација и така ќе остане до крај и никој нема да не дели колку сака“, рече Приморац и додаде дека во кампањата понудил визија за подобра, поинаква, горда Хрватска.

„Свесен сум дека тие не ја избраа програмата и визијата, но тоа е право на демократијата. Со мојата програма сакав да испратам порака дека Хрватска заслужува подобро. Голем број гласачи ги бојкотираа изборите, а тоа е демократијата. изјави Приморац.

Му се заблагодари и на Бога што, како што изјави, издржал се и останал исправен, верен на своите принципи и вредности. Тој повтори дека Хрватска му била и секогаш ќе биде негов прв приоритет.

„Направив се што е можно јас, мојот тим, ХДЗ, да чекориме со исправени кичми и тоа е нешто што ме прави горд. Па, нема ништо повредно од лик, чест, морал и гордост. тоа ни го даде традицијата. тоа е незаменливо ќе одам со исправени кичми, чист морал и вредности што ми ги дадоа моите родители и мојата Хрватска, а со тоа нема трговија“, рече Приморац.

„Јас и Зоран Милановиќ споделуваме сосема различни духовни, морални, професионални вредности како и размислувања за иднината на нашата татковина. Одлуката е донесена од граѓаните и како таква треба да се почитува“, рече Приморац и додаде дека верува во Иднината на Хрватска, која ќе гради партнерство со НАТО кон ЕУ, економијата и безбедносната политика, бидејќи без тој принцип нема иднина за Хрватска.

Back to top button
Close