Принцот Хари ја изгуби битката против владата: нема право на постојана безбедносна заштита додека е во Британија

Принцот Хари утринава го загуби случајот на Високиот суд против владата поради нивото на безбедносна заштита што ја добива кога е во Обединетото кралство.

 

Војводата од Сасекс се обидуваше да ја поништи пресудата, со која беше намален неговиот безбедносен статус, откако тој престана да биде „активен крал“, објави Би-Би-Си. Неговите адвокати тврдеа дека начинот на кој е донесена одлуката е неправеден.

Британското Министерство за внатрешни работи претходно соопшти дека безбедноста на принцот Хари се одлучува од случај до случај. Уште во декември, кога започна спорот, адвокатите на Министерството за внатрешни работи му рекоа на Високиот суд дека принцот Хари и понатаму ќе има јавно финансирано полициското обезбедување, но дека тоа ќе бидат „аранжмани по мера, посебно прилагодени“ на принцот, а не континуирано обезбедување на членовите на кралското семејство.

Одлуката може да има импликации за идните посети на принцот Хари на Британија, бидејќи тој претходно тврдеше дека пониските нивоа на безбедност го отежнуваат внесувањето на членовите на неговото семејство во земјата. Принцот Хари живее во САД со сопругата Меган и нивните две деца.

Back to top button
Close