Принцот Хари ќе биде депортиран од Америка поради користење дрога и лажна изјава? 

На принцот Хари, кој со сопругата Меган Маркл пред четири години отиде во Калифорнија, наводно му се заканува депортација од САД, јавуваат странските медиуми.

Имено, визата на принцот Хари е на разгледување на судот бидејќи во своите мемоари „Spare“, кои ги објави минатата година, признал дека користел разни психоделици и дроги, пишува The Evening Standard. Бидејќи ова се информациите што апликантите мора да ги дадат кога аплицираат за виза, се претпоставува дека Хари не бил искрен.

 

Истрагата е покрената на иницијатива на организацијата „Херитиџ Фондацијата“, а тие навеле дека употребата на дрога може да биде причина за одбивањето на визата за САД. Тој во своите мемоари признал дека пробал кокаин уште додека бил малолетник, а подоцна консумирал марихуана како „волшебни“ печурки.

– Не беше забавно и не ме правеше особено среќен, како што правеше сè околу мене… но ме натера да се чувствувам поинаку, а тоа беше главната цел – рече тогаш Хари. Освен што му се укинува визата доколку судот утврди дека лажел во барањето, тој може да добие и парична казна

 

Back to top button
Close