Принцот Хари се откажува од Велика Британија? За првпат ги наведе САД како неговото примарно место на живеење

Принцот Хари за првпат во официјални документи наведе дека САД е неговото примарно живеалиште, бидејќи стравува од депортација поради признанието дека се дрогирал во текот на животот, пишува „Дејли мејл“.

Набргу откако ја објавија одлуката со Меган дека ќе се повлечат од кралските должности во 2020 година, војводата од Сасекс на добротворен настан изјави дека Велика Британија е неговиот дом и местото што го сака и тоа никогаш нема да се смени.

Но, по четири години сепак работите се менуваат. Имено, „Дејли мејл“ открива дека принцот Хари ги ажурирал своите документи во оваа земја за да стане јасно дека повеќе не живее во Британија. Документите покажуваат дека новата примарна земја на живеење на принцот сега е Америка.

Промената на живеалиштето доаѓа откако почна да се зголемува притисокот врз владата на американскиот претседател Џо Бајден да објави информации за визите на Хари, откако американскиот амбасадор во Лондон рече дека принцот никогаш нема да биде депортиран додека на чело на Америка е претставник од Демократската партија.

Документите се поднесени поради неговата компанија за еко-туризам „Тавалист“Travalyst. Промената покренува сериозни прашања за тоа дали тој може да продолжи да биде државен советник, еден од седумте членови на кралското семејство кои можат да застанат за монарх кога кралот е во странство или не е добро.

Back to top button
Close