Принцот Вилијам ќе им се врати на кралските должности

Британскиот принц Вилијам (41) неделава ќе замине на својата прва официјална должност откако неговата сопруга, принцезата Кетрин (42), откри дека ѝ е дијагностициран рак, објави „Пипл“.

Принцот се грижеше за нивните три деца, принцот Џорџ (10), принцезата Шарлот (8) и принцот Луис (5) додека беа за време на училишниот распуст, додека принцезата беше подложена на третман.

Кога принцезата Кетрин ја објави својата дијагноза, извори за „Пипл“ споделија дека Вилијам ќе им се врати на своите кралски должности откако децата ќе се вратат на училиште (17 април) на избалансиран, одмерен начин, соодветен на потребите на принцезата и нивното семејство.

На 18 април, тој ќе го направи тоа со истакнување на работата на заедницата и еколошките организации во југозападен Лондон и Сари, објави неговата канцеларија во палатата Кенсингтон на 16 април

Back to top button
Close