Принцот Вилијам прв пат во јавност ја спомена “исчезнатата” Кејт Мидлтон

Британските, но и сите светски медиуми, деновиве не престануваат да пишуваат за кралското семејство, а насловните страници се преполни со нивните ликови, особено Кејт Мидлтон.

Медиумите пишуваат дека принцот Вилијам упорно се обидува да остави впечаток дека се е во ред со неговото семејство, додека целиот свет мисли поинаку.

Да потсетиме, многумина се прашуваат каде е неговата сопруга Кејт Мидлтон, особено по фотошопираната фотографија на 8ми Март.

Вилијам се уште не почнал да ги коментира различните теории на заговор кои се појавија по операцијата на 42-годишната Кејт, за чија состојба ништо не се знае.

Сега принцот се појави во јавноста, а за прв пат ја спомена и сопругата.

На отворањето на добротворна организација за млади во западен Лондон, украсувајќи торти со деца, рече: Мојата сопруга има талент за уметност, па сите наши деца се поталентирани за уметност од мене“, пренесува Daily Mail.

Back to top button
Close