Приоритетите на чешкото претседателство се рефлектираат во неговото мото „Европа како мисија“

Чешкиот премиер Петр Фила пред европратениците во Стразбур ги претстави приоритетите на неговата земја како претседател на Советот на ЕУ, при што тој потсети на постојаната потреба да се работи за модерна и оперативна Европа, со волјата за зајакнување на заедничката слобода, одговорност, безбедност и просперитет, јави дописникот на МИА.

Во овој период на претседавање со Советот на ЕУ по вторпат, Чешка ќе се фокусира на пет тесно поврзани приоритетни области: управувањето со бегалската криза и обновата на Украина во повоениот период, енергетска безбедност, зајакнување на одбранбените капацитети на Европа и безбедноста на кибер просторот, стратешката отпорност на европската економија и отпорноста на демократските институции.

Во своето излагање пред Европскиот парламент, чешкиот премиер не ги спомена земјите од Западен Балкан. Тој потсети дека ЕУ се соочува со тешки времиња, не само поради руската агресија врз Украина, туку и поради галопирачката инфлација. 

Back to top button
Close