Приведен 29 годишник– возел со 173 километри на час на автопатот Гостивар – Тетово

МВР информира дека вчера во 14.55 часот на автопатот Гостивар – Тетово, кај наплатна станица Гостивар, полициски службеници од ПО за БПС Гостивар го лишиле од слобода З.С.(29) од село Вруток кој возел со брзина од 173 километри на час.

З.С. управувал моторно возило „голф“, а дозволената брзина на автопатот е 80 километри на час.

Против лицето ќе биде поднесена кривична пријава

Back to top button
Close