Приведен дилер на дрога од Тетово, при претреси пронајдена дрога и пиштол

– Во Тетово денеска после пладне е приведен 21-годишниот Б.Б., бидејќи од страна на полицајци од Одделението за недозволена трговија со дрога и оружје во тетовската полиција, кај него била пронајдена дрога и пиштол.

– При извршени претреси во дом и помошни простории во село Боговиње и на улица „Штипска“ во Тетово била пронајдена поголема количина марихуана и пиштол, кој го поседувал без дозвола. Дрогата е предадена на вештачење, а Б.Б. е приведен во полициска станица, информираше МВР.

Против приведениот ќе биде поднесен соодветен поднесок, согласно член 215 од Кривичниот законик.

Back to top button
Close