Приведен Јован Деспотовски, поранешниот директор на ТИРЗ
Приведен е Јован Деспотовски, поранешниот директор на Дирекција за ТИРЗ и долгогодишен член на СДСМ, неофицијално дознаваат новинари од ,,Фокус”.
Тие пренесуваат дека Деспотовски е уапсен од страна на Управата за финансиска полиција. Според нивните информации, тој е приведен поради проневера на 2 милиони евра во ТИРЗ Струмица и ТИРЗ Штип.
Изворите тврдат дека ќе се бара замрзнување на имотот на компанијата, чие име е познато на новинарите, а за него најверојатно ќе се бараат мерки на претпазливост.