Признаци за посериозни проблеми кај тинејџерите

Пубертетот и адолесценцијата се турбулентни години и за младиот човек, но и за неговите / нејзините родители. Хормоните, притисоците на околината и интензивните емоции често пати може да доведат до одредени промени во однесувањето на детето – што е сосем нормално, според психолозите, доколку се во рамки на умереноста.

Како што пренесува порталот „Парентинг фор брејн“ (Parenting For Brain), сепак, постојат одредени предупредувачки знаци што можеби укажуваат на посериозен проблем со детето.

Се издвојуваат неколку јасни, но и затскриени признаци за посериозни проблеми кај дете во пубертет. Тие се: полоши оценки, социјална изолација, проблеми со спиењето, губење интерес за општествени и / или воннаставни активности – порано вообичаени за детето, ненадејни промени во расположението, раздразливост, агресивно и бунтовно однесување, таинственост, губење апетит, екстремно губење тежина, но и драматично зголемување на телесната тежина, депресија, анксиозност, прекумерна грижа за тежината, екстремна диета, деликвентно и ризично сексуално однесување.

Советот тука, како и при „нормалните“, вообичаени пубертетски промени, вели дека и поинтензивните појави треба да се следат за да се спречи какво било губење контрола. Возрасниот и тука е онаа смирената, стабилна и секогаш присутна личност, нагласува порталот.

Back to top button
Close