Проценки на Универзитетот во Вашингтон: До август во САД од Ковид-19 може да починат 145.000 луѓе

   Истражувачи од Универзитетот во Вашингтон проценија дека 145.728 луѓе би можеле да ги загубат животите од новиот коронавирус во САД до август, со што ја зголемија прогнозата за повеќе од 5.000 смртни случаи за само неколку дена.

Новата проценка е од вчера, на денот кога Тексас пријави најголем број хоспитализирани досега и кога 22 американски сојузни држави регистрираа  пораст на бројот на нови случаи.

Мичиген и Аризона беа меѓу земјите со најголем пораст на бројот на новозаразени, покажуваат податоците на универзитетот Џонс Хопкинс.

Повеќе од 1,9 милиони луѓе биле заразени со вирусот корона во САД досега и повеќе од 110.000 луѓе починале.

Back to top button
Close