Продолжува трендот на најголема излезност во општина Струмица во регионот

-До 15 часот најгoлема излезност на гласачите во Струмичко-Радовишкиот регион е забележана во општина Струмица со 34 отсто од вкупно запишани 49.341 избирачи во Избирачкиот список.

Во Радовиш до 15 часот гласале 26,82 отсто од запишаните вкупно 24.205 избирачи, а во Конче излезноста е 23,70 проценти од запишаните 2.724 избирачи.

Во општина Босилово до 15 часот излегле 24,5 отсто од запишаните 12.248 гласачи, а во Василево 29 проценти од 10. 592 запишани избирачи.

Во Ново Село на гласање излегле 27 проценти од 11.181 гласачи.

Досега изборниот ден поминува мирно и без проблеми.

Во шесте општини од регинот има запишано 110.291 граѓани, кои гласаат на 198 избирачки места.

Back to top button
Close