Променливо облачно време, на некои места со локален пороен дожд

Времето денеска ќе биде променливо облачно и посвежо во западните и крајните источни делови со локален пороен дожд и ретки грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец, информираат од УХМР. Минималната температура ќе биде во интервал од 10 до 17, а максималната ќе достигне од 24 до 31 степен. УВ индексот ќе биде 7.

Во Скопје времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Ќе дува умерен северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 16, а максималната ќе достигне до 30 степени.

Од УХМР најавија дека од петок ќе следува период на сончево време со мала до умерена локална облачност. Дневната температура ќе биде во пораст, а особено топло ќе биде во недела и во првите денови од следната седмица.

Back to top button
Close