Промовиран зборникот на поетеси  „Женскиот здив низ стих во хронологијата на Штип“

Стиховите на 66 поетеси од Штип се собрани во една заедничка збирка. Зборникот беше промовиран во НУУ Библиотека „Гоце Делчев“-Штип, а финансиски е поддржан од Министерството за култура. Уредник и творец на проектот Милена Ристова – Михајловска вели дека идејата е од 2016 година, а на овој заеднички и голем проект е работено со со библиотекарката Соња Манева, која се јавува и какоавтор на овој проект, и со младите и надежни литератки, Рената Пенчова и Анастасија Петрова, тргнаа во поход да го реализираат замисленото.

-Походот, можеби, се стори подолг одошто се планираше, но поради финансиската  поддршката за печатење, и реализацијата дојде сега – четири години потоа. Од почетокот до сега, огромна е поддршката, стручниот влог и разработката на идејата од страна на приредувачката, д-р Наташа Лазарева, при реализацијата на овој проект. За споменување е и трудот на асистентите во овој проект, членови на Книжевно – креативниот центар при АКАДЕМИЈА ЕУРОАРТ:Верица Милорадова, Милена Милорадова, Маријана Николова и Ребека Спасова, вели Ристова-Михајловска.

Таа истакна дека зборник има три дела, во првиот дел хронолошки се подредени сите истражени и обработени податоци за почетоците на штипските поетеси во почетокот на втората половина на минатиот век каде се споменуваат сите женски имиња, вклучени во штипскиот книжевен живот. Историски се подредени одредени значајни обележја, но и се утврдени четирите први објавени стихозбирки од штипјанки во тој период.

-Во вториот дел од оваа публикација се сместени 66 поетеси со нивни поетски творби и со податоци од нивните куси биографии. Тие 66 поетеси се родени во периодот од 40-тите години на минатиот век до средината на првата деценија од овој век 2005 год.На крај доаѓаат регистрите кои претставуваат систематизиран белег на едно време што било, што е и што ќе трае, вели Ристова-Михајловска.

Штип и Библиотеката „Гоце Делчев“ добиваат една прва од ваков вид публикација, за што како што вели Ристова-Михајловска се надева дека ќе биде поттик и за другите градови.

Back to top button
Close